Во хаосот во Либија исчезнаа 2,5 тони ураниум

Нуклеарните инспектори на ОН откриле дека исчезнале околу 2,5 тони природен ураниум од либиска локација што не е под владина контрола, се вели во соопштението на надзорното тело Агенција , објави Ројтерс.



Инспекторите на МААЕ „откриле дека 10 барели кои содржат приближно 2,5 тони природен ураниум во форма на концентрат на руда ураниум“, се вели во соопштението на страницата.

„Губењето на информации за моменталната локација на нуклеарниот материјал може да претставува радиоасктивен ризик, како и загриженост за нуклеарната безбедност“, се вели во извештајот, додавајќи дека за да се стигне до локацијата потребна е „сложена логистика“.

Во 2003 година, Либија, предводена од тогашниот водач Моамер Гадафи, се откажа од својата програма за нуклеарно оружје, која вклучуваше центрифуги за збогатување ураниум, како и информации за дизајнирање нуклеарна бомба, иако беше постигнат мал напредок во изградбата на бомба.

Откако во 2011 година беше соборен Гадафи поддржан од НАТО, Либија е поделена меѓу ривалските источни и западни фракции, а последниот голем конфликт заврши во 2020 година.

Привремената влада на Либија, поставена на почетокот на 2021 година преку мировен план поддржан од ОН, требаше да трае само до изборите закажани за декември истата година, кои допрва треба да се одржат, а сега се оспорува и нејзиниот легитимитет.