Од денеска стапи во сила одлуката за намалување на цените на тестенините за 15 % и на млечните производи за 10 проценти.
Рано утринава во трговијата беа сменети цените на производите на рафтовите, а макароните се продаваат по цени пониски од 4 до 6 денари, објави „Слободен чечат“.
Производителите и трговците на млечни производи, кравјите сирења кои претходно чинеа и до 400 денари, сега може да се најдат од 285 до 329 денари за килограм.
Поевтинети се и овчите сирења и кашкавали, некаде и до 10 денари, објави порталот.
Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека сѐ уште се прават анализи дали ќе има замрзнување на цената на останатите основни производи.







