Министерот Османи не згреши стопроцентно кога рече дека за неколку месеци Македонија може да добие нов премиер Албанец, тврди член на поширокото раководство на ДУИ кој инсистира на анонимност.
Ако партиските анкети покажат дека ДУИ во даден момент ќе победи во албанскиот блок убедливо партијата веднаш може да ја напушти владата и да побара предвремени избори.
Ковачевски многу добро го знае тоа, тврди членот на ДУИ упатен во плановите на партијата на Ахмети кој не е дел од ,,Огнената група”.
,,Драматичниот пад на рејтингот на СДСМ што е нотиран во ДУИ е проблем на Ковачевски за кого ние не сме венчани, ниту имаме било какви обврски”, вели изворот на expres.mk кој потенцира дека единствен кој има обврска во владата е Ковачевски кому кога дошол за премиер во владата од Заев му бил оставен аманет да даде премиер Албанец на ДУИ и тој се согласил со тоа без никаква забелешка.
Ако сега Ковачевски под притисок од базата во СДСМ се премислува и даде сигнал дека нема да го оствари верувањето од неговата партија тоа ќе значи дека ДУИ веднаш ќе почне план за предвремени избори по кои СДСМ ќе отиде во историја а ДУИ ќе биде победничка партија со која ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да преговара за владина коалиција, вели изворот.
За ДУИ договорот ,,Победник со победник” кој го прекрши оваа партија во 2017 година воопшто не е важен затоа што сега може да се направи нов договор а во ситуација кога ДУИ ќе освои најмалку 5 пратеници повеќе од сите други албански партии ВМРО-ДПМНЕ ќе нема избор и ќе мора да коалицира со ДУИ под притисок на граѓаните но и странските фактори, е анализата на членот на ДУИ кој засега не сака да го открие својот идентитет затоа што нема партиска дозвола јавно да зборува за овие теми.
Тој смета дека ДУИ има одлична политичка позиција и партијата треба да ја информира официјално јавноста за овие ситуации.
Изворот не сака посебно да ја коментира,,Огнената група” која според него е група на ,,Лавови со срце на мачиња” кои пред изборите ќе се вратат назад во јатото и ќе молат за прошка.
,,Сите што ја напуштија ДУИ исчезнаа од политичката мапа а Изет и Муса се умни и знаат дека не можат да направат таква грешка особено затоа што се соочени со низа тешки правосудни ситуации”, смета членот на поширокото раководство на ДУИ.
Да имаа срце и храброст ќе формираа партија а не вака од внатре да се обидуваат да ја растурат ДУИ за свои интереси, вели човекот кој е верен на Ахмети а во исто време кон Груби нема големи симпатии.






