Од утре поевтини тестенини и млечни производи, ќе фрчат ли казни?!

Трговците до последен момент тактизираат околу намалување на цените на основните производи, кои граѓаните со душа чекаат да купат поевтино. Веќе од утре граѓаните треба да јадат за 10% до 15% поевтини шпагети, макарони и млечни производи. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кажа дека производителите очигледно го чекаат последниот ден за да ги намалат цените.



Очигледно така сме навикнати во нашето општетство, секогаш е последниот ден, дури и ако е за добра работа чекаме последен ден. Ќе ги видиме утре наутро цените коишто ги кажавме“, рече Битиќи.

Битиќи најави дека Владата ги следи движењата на пазарот и ако цените на основните суровини паѓаат, а цените на производите останат исти – тогаш ќе мора да се донесат одлуки за замрзнување на цените кај овошјето и за зеленчукот.

„Ако основните суровини паѓаат, не може цените да останат исти“.

И од земјоделство очекуваат да се намалат цените на производите. На новинарско прашање дали има простор за намалување на цените на зеленчукот и на овошјето, министерот за земјоделство рече дека се исполнува поставената цел и е зголемено производството на сончоглед и на житните култури.

„Наша обврска е да интервенираме да ги намалиме трошоците што ги имаат земјоделците при производство на храна и да го одржиме и зголемиме домашното производство и во тоа успеваме, рече Николовски, кон учествуваше на презентација на новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци“.

Одлуката за замрзнати цени ќе се применува од 16 март и ќе трае до 31 мај годинава. Инаку, ова е второ замрзнување на цените годинава. Претходно, се замрзна цената на лебот на 33 денари.

Од основните прехранбени производи незамрзнати останаа уште цените на шеќерот, јајцата од кокошка и македонскиот ориз, за што се прават анализи производителите и трговците сами ги намалат цените. Ако тоа не се случи – тогаш Владата ќе носи одлука за замрзнување и на овие цени.