Муамеди: Англиската кралица Ковачевски да си даде оставка, за шовинистот Груби Македонците се непријатели

Младиот Умејр Муамеди објавува дека вицепремиерот Артан Груби на Косовската телевизија “РТВ Дукаѓини” на Косоварите им објаснува дека Македонците (како етникум) имаат страв од Бугарите, од Грците, од Албанците и од можни територијални поделби.



,,Генерално ги претставува македонците како фобична нација, триумфалистички го покажува тоа дека клучните позиции им се земени на Македонците но не и калта и лошата инфраструктура по албанските населени места, дека на него шеф му е Али Ахмети а не Димитар Ковачевски и многу други шовинистички муабети (нешта што не одат ниту во прилог на албанците ниту во прилог на македонците а на штета на сите). Значи заменик премиерот на Македонија (за него северна) за Македонците збори како да му се непријатели а не сограѓани”, пишува Муамеди.

,,Во вакви моменти Премиерот треба да излезе и да даде оставка бидејки кога твојот заменик така се претставува треба да му биде срам а не привилегија дека е премиер.
Македонија и официјално нема премиер односно има “Британска Кралица”. Вицепремиер а де факто премиер е Артан Груби”, смета младиот Муамеди.