„Просечната плата кај нас е 550 евра, платата за која што одат да работат нашите работници во странство е 1.100 евра.
Земјите од кои ќе доаѓаат работници во градежништво, во рударство, имаат просечна плата 200 евра и тоа е природен циклус за движење на работна сила“, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи според кој за земјата е примарно да се осигура од домашниот пазар со работна сила.
Според него Владата разговара со стопанските комори во кои гранки евентуално би увезле работна сила.
Најзагрозени се секторот градежништво и секторот хотелиерство и туризам, пренесува А1.Он.
Вицепремиерот вели дека Владата прави план за вработување преку различна доквалификација за да се спремат тие работници за пазарот на трудот.
„Но дотогаш секако има потреба да се увезе работна сила затоа што миграцијата е очигчедна, не само во Македонија туку во сите земји на Западен Балкан“, вели Битиќи.
Анализите покажуваат дека на земјава годишно и недостигаат околу 10 000 работници.
Битиќи смета дека првично за „увоз“ би требало „да се искористат луѓето од регионот“.







