На Русите им снемува муниција, тврдат британски разузнавачи

Во последниве недели, недостигот на руска артилериска муниција веројатно се влоши до тој степен што многу делови од фронтот се под екстремни ограничувања, објави британското Министерство за одбрана во својот дневен извештај за војната во Украина.



Ова е речиси сигурно клучна причина зошто ниту една руска формација не можела да иоствари оперативно значајна офанзивна акција во последно време.

Русија веќе прибегна кон употреба на стара муниција која претходно беше категоризирана како непогодна за употреба.