Божиновски: Дури ни Ангел Димитров не смета дека Бугарија има вина за Евреите. И тој треба да одлучува за нашата историја

Сценаристот и писател Божидар Божиновски ја коментира изјавата на копретседателот на Мешовитата комисија со Македонија за историски и образовни прашања, Ангел Димитров, според кој „несериозно е да се префрла вината врз Бугарија за депортацијата на Евреите“ во Втората светска војна.



„’Бyгapcките националисти со осуда за изјавата на претседателот Пендаровски дека Бугарија треба да се извини за депортацијата на Евpеите’.

Националисти, то им е работа, а по фаците на некои толку и им сече. Полошо од то е молкот на ‘прогресивните’, ‘проевропските’, ‘разумните’ сили во Бугарија, кои не го осудија Пендаровски, ама уште ја молчат вистината за улогата на Бугарија во депортацијата. Дури ни тие шо се умерени не можат да признаат една историска вистина, што значи негацијата им е државна политика.

И како да разговара некој со луѓе кои го негираат хoлокaycтот? Дури ни главниот во бугарската историска комисија не смета дека Бугарија има вина. И тој треба да ни одлучува за нашата историја заедно со нашите предавници на власт и припејд освестените овде“, гласно размислува Божиновски на Фејсбук.