Илјадници помлади лекари во Велика Британија најавија тридневен штрајк незадоволни од платата, која според нив е еднаква на помалку од еден час работа на бармен, пренесе Ројтерс.



Тоа е уште еден штрајк на персоналот на британската Национална здравствена служба (NHS), финансирана од државата, откако претходно на слични демонстрации, медицински сестри, болничари и други работници бараа зголемување на платите во согласност со двоцифрената инфлација во земјата.