Проруските власти на окупираниот украински регион Доњецк денеска тврдат дека речиси 4.500 луѓе се убиени во окупираните делови на Доњецк како резултат на украинското гранатирање во текот на изминатата година.
Руската режимска агенција Тас го цитира „заедничкиот центар за контрола и координација на теми поврзани со украинските воени злосторства“, кој наведува
„Во текот на 389 дена ескалација, пред почетокот на специјалната воена операција загинаа 677 цивили, меѓу кои 28 деца.
На територијата ослободена за време на специјалната воена операција загинаа 3.780 цивили, од кои 106 деца.







