Македонија без амбасадор во членка на ЕУ и НАТО, дошол на партиски митинг

Македонија деновиве е без својот амбасадор во Загреб, Република Хрватска, членка на ЕУ и НАТО.



Дипломатот Милаим Фетаи кој е вонреден и ополномоштен амбасадор на Македонија во Република Хрватска од 1 мај 2021 година во земјава се вратил за да учествува на партиски митинг.

На насловната фотографија Фетаи е крајно десно.

Фетаи денеска на настан на ДУИ се сликал со лидерот на ДУИ Али Ахмети и други членови на партијата иако неговата државна функција не му дозволува да има партиски активности додека ја врши функцијата амбасадор.

Доколку Фетаи во земјава на митинг на ДУИ дошол со дозвола од МНР таа му ја дал министерот Бујар Османи исто така од ДУИ.

Доколку Фетаи се вратил во Македонија без да го информира министерството за да учествува на митинг на ДУИ тогаш Османи мора веднаш да го казни односно да го врати на консултации по што во договор со претседателот Пендаровски и владата мора да го врати.

За партискиот настан на кој нема ниту еден функционер на СДСМ а се појавуваат амбасадорот Фетаи и многу сегашни и екс функционери на ДУИ денеска информираше вицепремиерот Артан Груби.