Вулканот Мерапи еруптираше денеска, исфрлајќи жешки облаци и лава која тече до седум километри, соопшти индонезиската државна агенција за управување со катастрофи.
Мерапи е еден од најактивните вулкани во Индонезија.
Нема извештаи за непосредни жртви.
Агенцијата сподели видео на Твитер на кое е прикажана ерупцијата. Официјални лица потврдија дека жителите не биле веднаш евакуирани, но им било советувано да започнат со евакуација доколку лавата помине на растојание од седум километри, пренесува ДВ.






