Убиецот на Јеховините сведоци заработувал 250.000 дневно како консултант

Филип Ф. убиецот на седум лица – меѓу кои и трудница застрелана во стомак – во просдтории на заедницата на Јеховините сведоци во Хамбург работел како многу добро платен консултант.



Британски Телеграф пишува дека убиецот работел како хонорарен консултант, а бизнис веб-страницата го опишува како експерт во финансискиот и енергетскиот сектор.

На веб-страницата тој нудел консултации по превисока цена за дневен надомест од 250.000 евра, наведувајќи дека „на хонорарот е вклучен и фактот дека мојата работа треба да создаде додадена вредност за вас од најмалку 2,5 милиони еврa“.

Тој пораснал во строго религиозно домаќинство на Алпите пред да започне да студира бизнис во Минхен.

Консултантот Филип Ф. (35), бил поранешен член на споменатата заедница на Јеховини сведоци, со кој се разделил по расправија, а од декември поседувал дозвола за оружје бидејќи бил спортски стрелец.

Завчерашниот напад го извел за само неколку минути направил масакр испукувајќи 9 жаржери од полуавтоматскиот пиштол, а при себе носел уште 22.

Во јануари, службата за издавање на овие дозволи во Хамбург добила анонимно писмо во кое некој тврди дека Ф. е ментално болен и дека треба да му се одземе оружјето, пренесе Индекс.хр