Нема спорт, веројатно нема ни област во која нашата земја е така високо пласирана на некоја листа создавана според релевантни податоци, а се затоа што во јуни годинава Вардар ја освои лигата на шампионите, и стана првата машка екипа во Македонија во екипен спорт што освоила ваква награда. „Црвено-црните” како дебитанти на Ф4 турнирот во Келн ги победија Барселона и ПСЖ во драматични натпревари и стигнаа до титулата. Тука секао се и Металург, Еурофарм Работник и другите кои остваруваа победи во тековната и во претходните години и помагаа нашиот ракомет да се најде на така висока позиција.
Најновата европска ранг листа ќе се користи за следната сезона и дистрибуцијата на места во европските купови. Македонија има 51,22 бода, и се наоѓа меѓу велесилите Данска (63,33) и Хрватска (42,25). Рангирањето се прави врз основа на резултатите на сите машки екипи во сите европски купови во последните три сезони.
Новата ранг листа на ЕХФ ќе им донесе на македонските тимови и три места во Купот на ЕХФ. Повеќе нема да имаме претставници во Купот Челинџ, туку еден во ЛШ и уште три во ЕХФ купот.




