Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во интервју за „Трилинг“ го нарече својот претходник Зоран Заев „премиер“, иако тој му ја предаде функцијата во јануари 2022 година?!
„Јас имам комуникација со сите бивши претседатели на СДСМ, бидејќи сите с ечленови на СДСМ. Шекеринска е потпретседател на Партијата на европските социјалисти, ние сме многу горди на тоа и со неа често комуницираме на полето на меѓународната политика. Професорот Бучковски е врвен професор по право, така што и со него на таа тема знаеме да поразговараме, последниот разговор го имавме пред три-четири недели. Со премиерот Заев, тој сега има други обврски, немало никакви разидувања ниту конфликти. Имаше одредени написи коишто тој ги демантираше. Сите одлуки во СДСМ се носат многу транспарентно и низ дебата во телата“, изјави Ковачевски.
Делот од интервјуто во кое Ковачевски за Заев вели дека е премиер по 31:47 минути од почетокот на видеото:






