Екс директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова бара претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска да не калкулира, да запре со кукање и жалење у да направи некаков чекор со кој ќе се случат промени.
,,Кога ја слушам оваа од Антикорупциска се прашувам дали не и доста на жената од кукање и викање! Се сетила ли дека ќе направи огромен притисок ако даде оставка со образложение дека нема намера да служи за декор!? Тогаш пристисокот ќе го насочи таму каде што и треба да биде – во Владата!
Но, ми се чини дека и таа калкулира со сопствената позиција!”, пишува Димова која беше сменета од својата позиција по информациите за спорно трошење на фондовите на Националната Европска агенција за образовни програми и мобилност.






