Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера потпиша нацрт-закон со кој се воведува смртна казна за владините службеници и воениот персонал доколку се осудени за велепредавство, пренесе АП.
Измените на кривичниот законик на земјата, одобрени од претседателот Александар Лукашенко, предвидуваат смртни казни за функционери и војници кои предизвикале „ненадоместлива штета“ на националната безбедност на Белорусија преку акти на предавство.
Предлог-законот, исто така, предвидува казна за „пропаганда на тероризам, дискредитација на вооружените сили и паравоени групи и кршење на правилата за заштита на државните тајни“, копирајќи го репресивното законодавство на главниот сојузник на Белорусија, Русија.
Белорусија е единствената земја во Европа која не ја забранила смртната казна, која се применува на осудените за убиство или тероризам.
Егзекуциите се вршат со стрелачки вод.
Во понеделникот, белорускиот суд ја осуди главната противкандидатка на Лукашенко на изборите, лидерката на опозицијата во егзил Светлана Тихановска, на 15 години затвор во отсуство по неколку обвиненија, вклучително и заговор за соборување на владата.
Минатата недела, најистакнатиот активист за човекови права во земјата и лауреат на Нобеловата награда за мир за 2022 година.
Алес Билјацки е осуден на 10 години затвор.






