Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по втор пат е одбиен да се обрати на манифесртацијата на доделување на „оскарите“.
Американската филмска академија не сакаше да ја коментира оваа одлука. Украинскиот претседател и лани не се појави на „оскарите“, а руската интервенција во Украина беше одбележана со едноминутно молчење.
Зеленски се надевал дека ќе се појави со видео обраќање во недела, по претходните културни настапи, но барањето е одбиено, пишува Гардијан
Во изминатата година, комичарот кој стана политичар се појави преку сателит за време на Греми наградите и Златните глобуси и во рамките на филмските фестивали како Кан и неодамна Берлин.
Одбивањето доаѓа во време кога анкетите покажуваат дека поддршката на Американците за давање помош на Украина е ослабена, пишува списанието „Варајети“.







