Боки 13 пак бара помош од амбасадорката Анџела Агелар

Бојан Јовановски во ново писмо до амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, бара од неа да го посети во затворот „Идризово“ бидејќи врз него како што тврди, се врши тортура, добива закани, не се носи одлука за прекин на служењето на казната поради влошеното здравје…



„…ве информирам дека од моја страна како што веќе беше и најавено иницирана е кривично- правна операција со кодно име “Бумеранг” пред ОЈО за ГОКК Скопје и во рамки на истото е оформен предмет од страна на јавниот обвинител Ислам Абази, па во тоа име до вас испраќам барање и неприкосновена замолница за помош од ваша страна и во најкус можен рок да ме посетите вие лично или делегирано лице од ваша страна во КПУ ИДРИЗОВО, бидејќи се соочувам со сериозни закани, уцени, негативни дејствија и појави од страна на поединци кои се директно засегнати од целата оваа актуелна состојба, а истите се со реална моќ и влијание.

Во име на вашата императивна заложба за владеење на правото во нашата земја, во име на заштита на моите основни човекови права, а сето во рамки на вашите надлежности ве молам да постапите по ова известување и по мојата изразена замолница до вас и да ме посетите во најкус можен рок, стои меѓу другото во писмото на Боки 13 до Агелер.

Ова е второ писмо откако пред 15 дена исто така ја извести американската амбасада за тортура со која тврди дека се соочува.