Војната во Украина е водена од интересите на неколку „империи“, не само на Русија, рече папата Франциск во интервју објавено денеска. Франциск рече дека конфликтот бил мотивиран од „империјални интереси, не само на Руската империја“, туку и на империи од другите делови на светот.



Папата даде интервју за италијанската швајцарска телевизија РСИ (RSI) кое треба да се емитува во недела. Извадоци беа објавени денеска од италијанските дневни весници Ла Република, Ла Стампа, Кориере дела Сера ..

Тој изрази подготвеност да разговара со рускиот претседател Владимир Путин со цел да повика на мир.

Франциск, кој има 86 години и ја одбележува 10-годишнината од неговиот избор на 13 март.