Од денеска поевтини макароните, шпагетите…

Се очекува вледата денеска да донесе одлука за замрзнување на цените на тестенините што значи дека тие би поевтиниле за најмалку десет проценти, најави вчера министерот за економија Крешник Бектеши.



Според негоови зборови за млечните производи ќе се причека бидејќи некои производители веќе и самите ги намалуваат цените.

Граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени, не само на овие производи, ние во континуитет ќе продолжиме со сите производи каде што ќе ни покажуваат анализите дека имаат поголеми профити или пак маржи од тоа што е редовно, што значи дека над 10 посто ќе има намалување во делот на тестенините.

Во делот на млечните производи ќе оставиме до утре, зашто гледам и самите ги намалуваат а ги повикувам до утре да направат исти чекори како што направија одредени компании“, рече Бектеши.

За одлуките за замрзнување на цените, како што најави Бектеши, се очекува во текот на денот да информираат заедно со премиерот Димитар Ковачевски.