„Опасна тенденција“: Сè повеќе Украинци сакаат преговори со Русија, вели првиот „безбедњак“ Данилов

Сè повеќе Украинци сакаат владата во Киев да седне на преговарачка маса со Москва, изјави секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексиј Данилов.



Највисокиот безбедносен функционер го критикуваше развојот како „многу опасна тенденција“ во украинското ток-шоу „Велики Лавов зборува“.

„[Треба] да се има на ум дека оние [луѓе кои се залагаат за разговори со Русија] се зголемуваат во број. Тоа е многу опасна тенденција кога дури и луѓето во западна Украина почнуваат да зборуваат за такви работи“, рече Данилов.

Тој посочи и локален политичар во западниот регион Лавов, кој наводно го повикал Киев да преговара со Москва.