Западните земји се подготвуваат план да го оневозможат извозот на руски дијаманти со санкции и се надеваат дека ќе постигнат договор уште во мај, пишува Politico во напис насловен „Крвавите дијаманти на Путин“.
Европската унија уште од лани ја заговара оваа тема , но ја одложи поради загриженоста дека тоа само ќе ја пренасочи трговијата подалеку од белгискиот град Антверпен – светскиот центар за дијаманти, без конкретно да им наштети на воените финансии на Владимир Путин. .
Сњепак, увозот на руски дијаманти е намален од почетокот на војната – освен привремениот скок што се чини дека е поврзан со Денот на вљубените.
Минатиот месец Белгија увезла руски дијаманти во вредност од 61 милион евра.
Пред војната, руските дијаманти сочинуваа околу 25 отсто од дијамантите што доаѓаа во Антверпен.






