Додека пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова, на вечерашниот марш за родова еднаквост во Скопје, даваше изјава, во позадина стоеше учесничка на протестот со навредлива порака за Црквата и верниците („Црквата да одј*бе!!!“).
На ова реагираше поранешниот пратеник и амбасадор, Оливер Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ:
„Моника Зајкова, пратеничката и претседателката да каже со она зад неа, дали се согласува? А да, само смешни и патетични сте со таквите пароли… и не, секако не ѝ помагате на каузата ваша со такви пароли… ако воопшто ја имате… вие си знаете… инаку… црквата го преживеала Диоклецијан и Сталин… ќе се снајде некако и со ваквите како вас де. Зајкова?“, напиша Шамбевски на Фејсбук.







