Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за еден од приоритетите на следните парламентарни избори го означи развластувањето на Демократската унија за интеграција.



„ДУИ владее со оваа држава повеќе од 20 години. ДУИ е таа којашто си ја менува власта по потреба. Такви му се партнерите и тоа мораме час поскоро да го спречиме. Првично, со пушка влегоа во Собранието, на парламентарни избори добија поддршка, легитимитет. Од законодавната ја презедоа извршната власт и ставија контрола врз неа, а денес на ред ви е правосудството и, дополнително, Обвинителството“, изјави Димитриевски за новинската агенција Макфакс.