Европската агенција за лекови (ЕМА) реагира на намерата на властите од Амстердам кои размислуваат да го преместат квартот на „Црвените фенери“ во истиот реон каде каде што се наоѓаат нивните простории.



Властите сакаат да го исчистат центарот на градот излозите од кои сексуалните работници привлекуваат муштерии. Таа планира да ги пресели на место поблиску до периферијата на градот, во комплексот еуфемистички наречен „еротски центар“.

Проблемот, како што дознава Политико, е што две од трите локации што се разгледуваат се блиску до местото каде што е сместена ЕМА.

ЕМА е „длабоко загрижена дека тоа ќе создаде проблеми со безбедноста, сигурноста и непријатностите со кои може да се соочи нејзиниот персонал, како и за посетителите“, изјави портпаролот на Агенцијата кој наведе и загриженост поврзана со дилање дрога, пијанство и непристојно однесување.

Ема го напушти Лондон и се пресели во Амстердам по гласањето за Брегзит, но сега тврди дека холандските власти не го исполнуваат својот дел од зделката.

„Безбедноста и сигурноста беа исто така клучни барања за критериумите за избор на новата локација за ЕМА за време на процесот на преместување на Агенцијата“, рече портпаролот.

Градот одржува јавна консултација за овој потег, а одлуката се очекува да биде донесена наесен.