Европскиот суд го одобри барањето за укинување на санкциите против Виолета Пригожина, мајката на основачот на платеничката воената формација „Вагнер“ Евгениј Пригожин, објави Ројтерс.
ЕУ претходно ја стави Виолета Пригожина на списокот со санкции, под обвинение дека нејзините деловни врски со нејзиниот син ја направиле соучесник во руската агресија против Украина.
„Судот ги поништува рестриктивните мерки што се применуваат на г-ѓа Виолета Пригожина, мајката на г-дин Евгениј Пригожин, во контекст на руската војна против Украина“, се вели во судската одлука.
Во соопштението на судот, исто така, се вели дека дури и ако Пригожин е одговорен за нелегални активности во Украина, доказите презентирани против неговата мајка при наметнувањето на санкциите се недоволни.






