Амбасадорката на САД сама се уверила како се водат истрагите за корупција и криминал во скопското ЈО

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер денска го посети Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Скопје, каде Амбасадата на САД донираше компјутерска и техничка опрема каде сама се уверила како се водат истрагите кои се поврзани со главниот приоритет на САД во Македонија.



„Зајакнување на правосудството во земјава, на сите нивоа, е главен приоритет за Амбасада на САД, за мене лично и за Вашингтон“, изјави Агелер за време на средбата.

Амбасадорката Агелер порачува дека корупцијата во Македонија не може да се речи за неколку месеци.

„Тука сум од ноември и корупцијата во земјава е присутна подолго време. Тоа не е проблем што може да се реши за неколку месеци и постојат веќе системи, кои бараат проверка. Затоа е добра денешната посета, за да видам како се водат истрагите“ порача Агелер која бара трпение пред да дојде решението на проблемите

„За тоа е потребно време. Не е нешто што еден компјутерски систем ќе го реши, но е приоритет и ако имам една цел како амбасадор во земјава, тоа е да се осигурам дека ќе направам се што можам, заедно со мојот тим, за зајакнување на вербата на македонските граѓани на во правосудството“, изјави Агелер.

„Се работи за сериозна донација што ќе ни помогне во секојдневната работа и од технички и од суштински аспект, затоа што многу побрзо можеме да работиме на одредени докази и прибирање доказен материјал“ – изјави на настанот претседателот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски кој изрази благодарност за донацијата.

Фото: ФБ профил на амбасада на САД