Поради невоведувањето на овие санкции Србија плаќа висока цена, вели американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил.
Тој во интервју за Радио Сто Плус од Нови Пазар, рече дека е многу важно Србија да не чека да стане членка на ЕУ, туку во процесот на пристапување да ја усогласи својата политика со ЕУ, вклучително и во однос на воведувањето санкции против Русија, пренесе Б92.
„Мораме да знаеме дека Русија брутално го нападна соседот, многу мали европски земји воведоа санкции, иако им беше тешко, но тоа го направија затоа што беше правилно. Верувам и дека Србија ќе го разбере тоа, никогаш не е доцна да направи ја вистинската работа“, рече Хил.
На прашањето што најмногу го забавува напредокот на Србија кон ЕУ – невоведувањето санкции против Москва, недоволниот напредок во дијалогот со Приштина, состојбата на демократијата или проблемите во самата ЕУ, амбасадорот Хил рече дека најискрениот одговор ќе биде „сите заедно“.
„Но, најважно е граѓаните на Србија да се уверат дека патот кон ЕУ е вистинскиот, а ние веруваме дека е така. Се надевам дека граѓаните на Србија ќе го видат тоа, свесен сум дека има фрустрации и незадоволство што процесот не е побрз, но најважно е што Србија е на вистинскиот пат“, рече Хил.
Тој смета дека влијанието на Москва врз Белград е негативно, а резултатите на Русија во Србија се лоши и дека граѓаните ќе треба сами да се уверат. ;
„Мое мислење е дека Русија на кој било начин не и помага на Србија. Тие не направија ништо за да се реши косовското прашање, не направија речиси ништо за да помогнат економски, дури и за нивната енергетска поддршка, Србија треба да плати“, додаде тој.






