Адеми потпиша на три години за Пекинг Гуан за 1,65 милиони евра по сезона

Капитенот на Динамо Загреб и репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми, од 20 март, па во наредните три години, ќе го носи дресот на Пекинг Гуан, каде што ќе заработува 1,65 милиони евра по сезона, односно максимум според кинеските трансфер-правила.



Динамо, за кој 31-годишниот играч за врска играше во последните 11 години, ќе добие отштета од 1 милион евра.

Последниот настап за загрепските „модри“ ќе му биде на 19 март против Риека на домашен терен.