Кадар на Алијанса ќе директорува и со ПИОМ

Покрај директори на МЕПСО и на Македонски пошти, Алијанса за Албанците ќе достави предлог до премиерот Димитар Ковачевски со Фондот за пензиско осигурување да раководи Арсим Хасани.



Како што и претходно беше објавено пратеникот Сурија Рашиди ќе биде директор во МЕПСО, а за Македонски предлоижена е советничката на Град Скопје, Бујаре Абази.

За директор на клиниката Козле предложен е Тахир Тахири, додека на Здравствен дом Скопје Вулнет Селими.

На директорската позиција во Тетовската болница доаѓа Плумб Вела.

За директори на клиниките за неврологија, онкологија, дерматологија, гинекологија и офтамологија за предложени се Висар Мифтари, Халид Матоши, Генц Селмани, Јетон Шаќири и Беким Татеши, дознава Слободен печат.