Хрватскиот претседател вели дека неговата земја цврсто ја поддржува меѓународната афирмација на независноста на Косово.
На косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала-Шварц која е во официјална посета во Загреб ѝ „солидна поддршка од Хрватска кога станува збор за меѓународната афирмација на независноста и евроатлантските перспективи на Косово“.
„Очекуваме сите членки на Европската унија да ја признаат независноста на Косово“, рече тој според соопштението за печатот. Милановиќ ги поздрави напорите за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, што ќе обезбеди долгорочна стабилност во Југоисточна Европа и европска перспектива за целиот регион“, рекол Милановиќ.
Независноста на Косово не ја признаваат пет членки на ЕУ: Кипар, Грција, Романија, Шпанија и Словачка.






