„На Бујар му посакувам добра работа во координирањето на активностите на Демократската унија за интеграција во Чаир. Покрај претседателот, Бујар ја има и мојата поддршка во напорите за реактивирање на структурата во Чаир по три годишното отсуство на партиска активност во нашиот огранок, како и во локалните совети во рамките на огранокот. Ве поканувам сите да ни се придружите со сите ваши идеи и акции за посилна и пообединета ДУИ во Чаир“, му посака првиот вицепремиер Артан Груби во пораката упатена преку својот официјален фејсбук – профил на шефот на македонскта дипломатија.
Најчевска: Османи и министер за надворешн и и координатор на ДУИ за Чаир
Изненадување е назначивањето на Османи на таква партиска функција во време кога тој е и министер за надворешни работи во време на голема активност поврзана со евроинтеграциите и спорот со Бугарија, но и претседавач со ОБСЕ, најголемата светска безбедносна организација, а згора на се е и портпарол на ДУИ.
Одлуката на Али Ахмети го шокираше Изет Меџити претседателот на чаирскиот огранок на ДУИ и предводник на таканаречената „огнена група“ во партијата која не се согласува со некои кадровски решенија на лидерот.
„Смешна работа е последното што го разбрав од медиумите дека е измислена позиција координатор за политички прашања во Чаир. Таква позиција нема во организациската шема на ДУИ и тоа нема да вроди со плод, туку само ќе создаде сериозни последици зашто претставува непочитување на статутот“, коментираше Меџити вчера.

.






