Автомобилот со кој избегале сторителите на двојното убиство синоќа во Старата скопска чаршија, бил пронајден изгорен на улицата „Вашингтонска“ во Шутка.



Пукањето се случи околу 20 часот, а двајцата убиени починале на лице место. Пријавата во полиција стигнала во 20:11 часот.

ТВ Алсат: Двајца се убиени а не тројца во пресметката во Скопје

Возилото „Ауди 6“ имало украдени регистарски таблички, а во него биле пронајдени остатоци од два мобилни телефони, потврдиле полициски извори за „Телма“.

Откако го „исчистиле“ возилото од можните докази кои можат да водат до нив, убијците избегале ао друг автомобил.