Двојното убиство ја закопа фалбата на Спасовски за пад на криминалот

Само 24 часа по фалбата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за значителен пад на криминалот од почетокот на годинава стигна „демантот“ со двојното убиство во старата Скопска чаршија.



„Ние како граѓани треба да бидеме сосема спокојни кога има активности и кога се јакне безбедноста. Ако погледнеме генерално, статистички, во поглед на вкупниот криминалитет имаме намалување за 31,55 отсто во првите два месеца од 2023 година, споредено со првите два месеца од 2022 година“, рече Спасовски во „Студио 10“ на ТВ 24 еден ден пред убиството на Јетон Кривањева и Енсар Исени во „Шиша бар“.