Украина ја намали прогнозата за раст на својата економија годинава

Министерството за економија на Украина ја намали прогнозата за растот на бруто домашниот производ оваа година од 3,2 проценти на 1 отсто, објави порталот „Страна.уа“, повикувајќи се на изјава на украинскиот заменик-министер за економија Олексеј Соболев.



Прогнозата за раст на БДП е влошена, меѓу другото, и поради претпоставката дека војната со Русија нема да заврши до средината на годината, се наведува во изјавата на Соболев.

„Се чини дека го поминавме врвот на инфлацијата – таа постепено почнува да опаѓа. Предвидуваме дека ќе се намали од 26,6 проценти во 2022 година на 24 отсто годинава“, додаде заменик-министерот.

Претходно, Светска банка предвиде раст на БДП на Украина во 2023 година од 3,3 проценти, под услов да нема дополнителна воена ескалација.