Коциќ: Со внесувањето на Бугарите во Уставот ќе покажеме дека не сме ист народ со нив

Пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ, го реафирмира партискиот став дека со впишување на Бугарите во Уставот ќе се направела дистинкција меѓу македонскиот и бугарскиот народ.



„Реално погледнато, ова со внесувањето на Бугарите во Уставот, што го прифативме со прифаќањето на преговарачката рамка, беше замена за радикалните ставови изгласани во бугарското Собрание во 2019 година, со кои се наложуваше ние да се откажеме од нашата историја и да признаеме дека сме биле Бугари до 1944 година. Практично, се направи бришење на овие нивни радикални ставови и како еден од условите беше прифатено предложеното од Европската унија нивното малцинство што живее во оваа држава да биде внесено во Уставот. Лично, како човек, не сум против ниедна нација и не сум против споменувањето на која било нација во нашиот Устав, ниту на тие што се чувствуваат Бугари, ниту на Хрвати, ниту на Египќани. Сметам дека со внесувањето на Бугарите во Уставот, практично, ние како држава ќе направиме јасна дистинкција, дека постојат два различни народа, македонски и бугарски, признаени во нашиот Устав, и паѓаат во вода нивните тврдења дека станува збор за два исти народа“, изјави Коциќ во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.