Само по половина час расправа, во вжештена атмосфера денеска беше прекината седницата на Комисијата за европски прашања на која требаше се расправа по амандманите за Предлог-законот за употреба на јазиците.
Од БЕСА бараат насловот на законот за јазици да биде „Закон за албанскиот јазик“, за што поднеле и амандман, но министерот за правда не го прифатил тоа.
Пратениците го обвинија претсетдателот на Комисијата, Артан Груби, дека манипулирал за да нема дебата, откако не му дал збор на подносителот на првиот амандман, по што почнале жестоки реплики.
Според Груби, пратениците од БЕСА го нарушиле текот на работата на Комисијата и ја закажа следната расправа за 25 декември.
На седницата не присуствуваа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои го бојкотиртаат Парламентот поради апсењето на шестмина пратеници од нивнте редови.
Амандманската расправа за овој закон, кој создаде низа дилеми во јавноста, почна во понеделникот и, согласно законските рокови, требаше да заврши денес.
За време на последната посета на Македонија, еврокомесарот Јоханес Хан, изјави дека во моментов Законот за јазици, кој треба да биде усвоен со таканаречено „европско знаменце“, не е реформски приоритет на земјава





