
Белорускиот суд во понеделник ја осуди лидерката на опозицијата во егзил Светлана Тихановскаја на 15 години затвор, јави државната новинска агенција Белта, пренесува Дојче веле. Таа беше обвинета за десет кривични дела: подготвување за учество во масовни немири, заговор за преземање на власта, создавање и водење „екстремистички формации“.
Тихановскаја, на која и се суди во отсуство, побегна од Белорусија откако се кандидираше за претседател во 2020 година против актуелниот лидер Александар Лукашенко.





