Лидерот на ДУИ го именуваше Бујар Османи за координатор на политичките процеси во Чаир што подразбира преземање на надлежностите на Изет Меџити, како претседател на огранокот на ДУИ во Чаир.
Во изјава за ТВ 21, Меџити вели дека станува збор за нестатутарна одлука.
„Добро би било да го прашате господинот Ахмети за овие политички различности и тенденцијата за замолчување на тие кои мислат различно! Поради тоа што тоа е нестатутарна одлука која не поминала низ партиските органи“, вели Меџити.
ТВ 21 коментира дека битката во ДУИ со ова станува се пожешка имајќи предвид дека именувањето на Османи доаѓа во време кога „Огнената група“ бара разрешувања и не се согласува со низа кадровски решенија на лидерот на партијата.






