Се надеваме дека за две недели од објавата на јавниот повик, приватните превозници ќе се вклучат во јавнот превоз во град Скоје. Наидовме на големо разбирање и желба да се работи согласно леислативта во земјава и соработката продолжува. Ова го посочи Данела Арсовска, градоначалничка на град Скопје на денешната пресконференција.
Таа потврди дека денеска е објавен нов повик за учество на приватните превозници во јавниот превоз, и дека станува збор за истиот повик како и претходниот.

– Повикот кој е објавен сега, и претходно беше објавен, во соработка со новото координативно тело на приватните превозници, е повик на кој тие искажаа подготвеност дека чесно, транспаретност и одговрно ќе ја вршат дејноста за која е организран овој јавен повик.
Се надеваме дека по завршувањето на овие две недели повторно ќе имаме заедничко водење на јавниот превоз во градот Скопје. Она на што наидовме на е големо разбирање, желба да се работи согласно легислативата во нашата земја, согласно одредбите во договорот кој град Скопје ги нуди како услови. На наше големо задоволство, се надевам и од другата страна, наидовме на заедничка платформа. Соработката продолжува и на останати теми на кои треба да разговараме, имајќи предвид дека следи голема реформа на јавниот превоз, имајќи ги сите потреби на граѓаните, не само да имаат квалитетен и брз јавен превоз, туку и еколошки јавен превоз кој ќе биде во насока да имаме почиста и поздрава животна средина.
Заеднички се договоривме, да се постигнат тимови кои ќе работат на сите предизвици, да се најде решение за сите, и ќе овозможи граѓаните да имаат стандардизиран и еколошки јавен превоз – укажа Арсовска.
Таа потенцирше дека причините за блокади биле дел лични, дел политички мотивирани.
– Како што кажавме повеќе пати, таму има тековни побарување, тоа значи кога имате договор имате авансно фактурирање, кое се недоспеани обврски. Сето она што се тековни обврски, од новиот договор и од претходниот договор со ЈСП се изнајде заеднички јазик и тоа ќе се исплаќа како што било и во претходните години.
Ова е силна победа на чесноста и на искреноста, на група луѓе кои работат во насока на остварување на ветеното кон граѓаните, а тоа е да има јавен превоз кој ќе го обавуваат ЈСП и приватните превозници кои чесно и одговорно ќе ја вршат својата работа – заклучи Арсовска.
Од службите на град Скопје испратија соопштение дека јавниот повик ги содржи условите за аплицирање како и во претходните два јавни повици.
– На овој јавен повик, нема да можат да учествуваат „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ поради договорот кој беше раскинат, кој предвидуваше забрана за учество доколку се раскине пред истекот на истиот и по нивна вина.
Град Скопје нема долг кон превозниците, договорните одредби предвидуваат единствено услови за вршење превоз на територија на градот. Што се однесува до тековните обврски од ЈСП Скопје кон приватните превозници, истите ќе бидат исплатени согласно потпишаните договори, додека трае јавниот повик за нови договори за јавен превоз.
Градот Скопје конечно воведува ред во јавниот превоз на патници, согласно сите стандарди, при што новото координативно тело на превозниците покажа желба за соработка и прилагодување согласно стандардите со цел граѓаните да добијат квалитетен јавен превоз – се истакнува во соопштението.
Од град Скопје додаваат дека за оваа година, со цел подобрување на услугите на јавниот превоз, планирано е и дополнително зголемување на капацитетите на ЈСП со нови еко автобуси.





