Артан го продава дуќанот на брат му Ветон во центарот на Скопје за мизерни 700 евра (ГЕРИЛА АКЦИЈА)

Дуќанот на Ветон Груби, брат на вицепремиерот Артан во центарот на Скопје кој вреди меѓу 3 и 5 илјади евра се продава по само 700 евра за квадрат колку што наводно го купил братот на вториот човек во ДУИ.



Ваквата информација денеска осамна на оглас поставен на дуќанот кој ви е премиерот рече дека е купен легално но не кажа како предходниот сопственик кој има бензински пумпи и може да соработува со фирмата за баждарење на вработен н Бетон Груби го продал дуќанот за три до пет пати поевтино од пазарната цена.

Информациите дека братот на Артан Груби во ценатрот на Скопје купил деловен простор за 659 евра за квадратен метар предизвика бурни реакции во јавноста и обвинувања за криминал за кои Груби засега не дава целосни одговори.

Засега нема официјална реакција од надлежните органи, па некои засега непознати граѓани со герила акција потсетуваат на можната корупција од можната злоупотреба на власта.

Обвинителството кое делумно е под контрола на ДУИ засега молчи.