Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена била засилена акциска контрола на сообраќајот во населба Драчево во Скопје.
При контролата санкционирани се 120 возачи, од кои 80 за возење повеќе од дозволената брзина, 10 за возење без возачка дозвола, две мерки за возење под дејство на алкохол… Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Од МВР апелираатдо граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.







