Американската компанија „Селестис“, позната по лансирањето меморијални летови во вселената, сега планира да испрати посмртни останки на четворица поранешни американски претседатели во вселената, а мисијата ќе биде извршена оваа година, објави Space.com.



Мисијата, наречена „Ентерпрајс“, ќе однесе посмртни останки на претседателите Џорџ Вашингтон, Двајт Ајзенхауер, Џон Кенеди и Роналд Реган.

Освен останките на поранешните претседатели, во вселената ќе бидат испратени и посмртните останки на Џин Роденбери, неговата сопруга Мајел Барет Роденбери, синот Јуџин и некои други членови на актерската екипа на франшизата „Ѕвездени патеки“.

Од компанијата објасниле дека се користи технологија за чување ДНК за да нема опасност од деградација на останките во вселената.