„На иницијатива на членот на Советот на општина Маврово и Ростуше, Сеадин Сејдију, кој е избран од редовите на Демократската партија на Турците во Македонија (ТДП), пред административната зграда на општина Маврово и Ростуше, покрај македонското, поставено е и турското знаме, кое претставува национален симбол на најбројната етничка заедница во општината“, стои во објавата на Фејсбук од оваа партија.
Се додава дека според резултатите од последен попис во РСМ спроведен во 2021 година, турската етничка заедница е најмногубројна во општина Маврово и Ростуше.
-Демократската Партија на Турците во Македонија (ТДП) како и секогаш така и во иднина ќе работи во интерес на сите граѓани во општината, и ќе се залага за правда и развој подеднаков за сите, се нагласува во објавата. (Гостиварпрес)






