Во станбена зграда во Нови Пазар избувнал пожар во кој загинале четири деца, а најголемото од нив имало пет години.
Пожарникарите на местото на пожарот пристигнале за четири минути, но веќе било доцна, децата не можеле да се спасат.
Децата кои починале биле на возраст од шест месеци до пет години.
Таткото и мајката на децата се здобиле со изгореници и се примени во болница.
Таткото на повредените деца, Египќанец, е тешко повреден, со изгореници од втор, трет и четврти степен на 45 отсто од површината на телото.
Таткото се обидел да ги спаси децата преку терасата, но не успеал да ја пробие вратата која била заглавена.
Во тешка состојба е и повредената Босанка, со изгореници од втор и трет степен покриени 18 отсто од телото.
Како што истакнаа очевидци, двајца случајни минувачи го виделе пожарот и заедно со соседите тргнале да помогнат, но поради силниот пожар не можеле доволно да се приближат.
Роднина на семејството изјави дека причината за пожарот може да биила во грејните тела.
„Се грееја со шпорет и електрични греалки. Знаете како оди, работите се оставаат да се исушат, веројатно нешто се запалило. Мајката на децата ми е сестра, мажена е за Египќанец. Децата ги нема, а и тие се во тешка ситуација“.






