Францускиот претседател Емануел Макрон ги навреди Балканците споредувајќи го духот на регионот со хаосот во Африка.
Макрон во врска со кризата во Демократска Република Конго побара да запре процесот на ,,балканизација” во Африка.
Макрон во изјавата не прецизира дали зборува за балканизација од времето на војните пред 30 години или за процес кој се одвива сега на Балканот.
,,ДР Конго „не смее да дозволи воен плен. Отворениот грабеж (на земјата) мора да престане. Не смее да има ограбување, балканизација, војна“, изјави Макрон на заедничката прес-конференција со претседателот на ДРК Цисекеди.
Макрон изјавата ја даде откако Париз најави воено повлекување од Африка каде Франција досега држеше сериозен број на војници и воена опрема.
По оваа најава во ДР Комно започнаа протести и судири на власта со вооружени групи поддржани од Руанда кои Макрон ги споредув со ,,Балканизација”.
Предходно ЕУ соопшти дека ослободува околу 47 милиони евра кои ќе бидат канализирани преку хуманитарни партнери за итни потреби, како што се исхрана, здравствена заштита, засолниште и вода.
„ЕУ е подготвена да ги мобилизира сите потребни средства за поддршка на хуманитарните работници, вклучително и логистика и воздух, за да ги задоволи потребите на населението во Демократска Република Конго“, рече еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчиќ.
Владата на ДРК ја обвини Руанда дека ја поддржува милициската група М23, која повторно излезе од мирување кон крајот на 2021 година, последователно окупирајќи делови од територијата во Северен Киву.
Независните експерти на ОН, САД и другите западни земји — вклучително и Франција — се согласуваат со оценката на Киншаса, но Руанда го негира обвинението.
Во врска со ова прашање, Макрон, наместо да најавува санкции, ги повика сите страни да „преземат одговорност“ за ситуацијата во регионот, „вклучително и Руанда“.
Тој продолжи: „Она што го очекуваме од Руанда и другите е да ангажираат и да ги почитуваат состаноците што самите си ги даваат под надзор на посредници — и, ако не ги почитуваат, тогаш, да, може да има санкции“.
Антифранцуското расположение е високо во некои поранешни африкански колонии бидејќи континентот станува обновено дипломатски бојно поле, со растечко руско и кинеско влијание.
Во четвртокот Макрон рече дека ерата на француско мешање во Африка завршила и дека нема желба да се врати во минатото.
Ni pillage, ni balkanisation, ni guerre en République démocratique du Congo.
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) March 4, 2023






