Српскиот претседател ги демантираше тврдењата дека Србија ѝ продава оружје на Украина и се пожали на медиумското медиумското лудило за наводниот извоз.
„Тоа е ноторна лага. Србија никому не испратила оружје“, рече Александар Вучич.
„Србија произведува и продава муниција. Имаме многу фабрики во одбранбената индустрија на Србија. Кога произведувате муниција, таа секогаш завршува некаде на бојното поле или во кризно подрачје на светот“, објасни тој
„Ние не сме продале ниту едно парче оружје, алатка или муниција ниту на Русија, ниту на Украина“, нагласи тој.
„Во Србија има таканаречен овластен корисник и Србија може да извезува само во такви земји. Тие велат дека сме извезувале преку Турција. Знаејќи дека постои можност дел од стоката да е испратена на која било страна на бојното поле, додадовме дека е невозможно да се извезе муницијата што ја дадовме во Турција. Што сакате повеќе од нас, лажговци едни!“, рече Вучиќ.






