Хајредини: Партиите на Албанците не коалицираат со СДСМ заради Европа, туку од буџетот да им ги плаќа гласачите

Некогашниот министер за финансии и актуелен политички аналитичар Џевдет Хајредини погоди „у сриду“, како што велат сињските алкари, за мотивот на партиите на Албанците во Македонија да влезат во (владина) коалиција со СДСМ.



„Партиите на Албанците не влегуваат во коалиција со СДСМ поради ‘заедничкиот фронт за обединета Европа’, туку Ковачевски, исто како на ДУИ, од буџетот да им ги плаќа гласачите“, вели Хајредини на Фејсбук.