Ковачевски за 100 дена фалби на Фејсбук потрошил 18 премиерски плати

Ако премиерот Ковачевски продолжи да плаќа огромни пари за рекламирање на социјалните мрежи уште два месеци тој ќе ја потроши целата плата што ќе ја добие како премиер од неговото назначување до крајот на мандатот во јуни идната година.



Ковачевски во трите последни месеци за кои ИРЛ откри дека платил 26 илјади евра за пропаганда на социјални мрежи досега потрошил дури 18 негови плати како премиер.

Платата на премиерот е околу 1450 евра или 88 илјади денари а во 26 илјади евра колку што платил за пропаганда тој веќе потрошил 18 плати.

Ковачевски досега како шеф на владата има земено 13 плати што значи дека за себепромоција на Фејсбук веќе ги има потрошено наредните 5 плати кои треба да ги земе до јули.

Ако продолжи со исто темпо на трошење на социјалните мрежи уште два месеци Ковачевски веќе на први мај ќе ги потроши однапред сите плати што би ги земал како премиер ако остане на таа позиција до јуни идната година.

Тоа значи дека Ковачевски досега не заработил ништо од платата што ја добива од владата и дека за да преживее или го издржува семејството и сопругата која меѓу другото е инвеститор во бизнис со енергија , или троши заштеда или некој друг му ги плаќа трошоците за пропаганда.

Ковачевски тврди дека државата не троши ниту еден денар за неговите фалби во јавноста но не открива какви пари се трошат за промоција.

Во оваа пресметка не се пресметани парите што Ковачевски ги дала за рекламирање во првите 11 месеци од неговиот мандат како премиер.

Антикорупциска на потег: Од каде му се на Ковачевски 8 илјади евра месечно за фалби на социјални мрежи